Постојат разни свадбени обичаи, но причината на носењето на вел е далеку од романтична.
Свадбениот ден е еден од најубавите за секоја девојка, која за тој повод сака да изгледа најубаво и сите погледи да бидат вперени кон неа.
Сепак и покрај големиот избор на венчаници, тоа што последните години повторно е во тренд се веловите. Невестите вел носеле уште во времето на Римското царство. Девојките биле покриени со црвена наметка од глава до пети, а симболиката е дека на тој начин ги одбива сите зли духови кои сакаат да и фрлат клетва.
Со текот на годините, работите се променија. Наметката се замени со вел, па покрај тоа што во некои земји велот се носи за да се скрие лицето на невестата од младоженецот кај договорените бракови, некои ги носат како додаток, кој не го поврзуваат со старите обичаи.
Исклучок од ова правило е еврејската култура, каде велот се носи за да се покаже во јавноста дека младоженецот не се жени само заради физичкиот изглед на невестата.
press24.mk