Добро знаеме дека интервјуто за работа е двостран процес. Затоа, бидете сигурни дека ќе поставите прашања кои ќе ви овозможат да процените дали компанијата е вистинското место за вас.
И додека некои од интервјуата на кои ќе одите може да ги доживеете како испрашување, тоа не треба да биде така.
Затворете ги очите и замислете како да сте на тениски натпревар: Двајца натпреварувачи и едно топче кое се движи напред и назад. Интервјуто за работа е исто како обичен тениски натпревар, со тоа што најпрво интервјуерот поставува прашање, а вие одговарате за потоа да следи обратен процес, односно вие да поставите прашање, а тој или таа да ви одговори.
Клучот е да ги поставите вистинските прашања
Прашањата кои ќе одлучите да му ги поставите на вашиот интервјуер треба да произлегуваат од она што треба да го знаете за целосно да ја процените позицијата. Ова значи дека прашањата што ќе ги изберете треба да бидат добро осмислени.
Еве 8 вистински прашања кои можеби ќе сакате да ги поставите на вашето следно интервју:
- Како изгледаат секојдневните работни задачи на позицијата?
- Кои се вредностите на компанијата? Кои карактеристики ги барате кај вработените со цел да ги претставите тие вредности?
- Што најмногу ви се допаѓа во оваа компанија?
- Како изгледа успехот на оваа позиција и како го мерите?
- Дали постојат можности за професионален развој, и доколку постојат, во кој облик ги нудите?
- Со кого ќе работам најдиректно?
- Кој е најголемиот предизвик на работното месот?
- Дали постои нешто во моето CV што ве тера да се запрашате дали сум доволно добар/добра за позицијата?