Google најави ажурирање на апликацијата „Google Maps“, а иновацијата значи дека наскоро ќе можеме да видиме во кои области на мапата има најмногу заразени со коронавирус.
Функцијата пристигна на „Google Maps“ денес и наскоро треба да биде достапна во 220 земји низ целиот свет. Податоците ќе бидат прикажувани како црвени точки, а колку е поцрвено, толку има повеќе заразени на 100.000 жители.
Некаде, податоците ќе бидат толку прецизни што ќе можеме да видиме дури и колку заразени лица има во одредени делови од градот, но сето тоа зависи од тоа колку податоци Google ќе успее да собере за одредена територија, пренесува Tech Radar.
Податоците доаѓаат од голем број извори, како што се болницата John Hopkins, Wikipedia или The New York Times, а тие ги добиваат податоците од локалните и меѓународни организации.