Ако се уште немате направено профил на Vrabotuvanje.com сега е вистинскиот момент да го направите тоа. Еве дел од бенефициите на новиот сајт кои ги уживаат само регистрираните корисници:
- Брзо и лесно креирање на CV во кое ќе бидат вклучени сите значајни карактеристики кои го опишуваат вашиот профил како личност и професионалец. Најдобриот дел е во тоа што нема да почуствувате никаков напор кога го правите бидејќи ваше е само да одговарате на едноставни прашања од чии одговори на крај произлегува содржината во вашето CV.
- Известувања за нови огласи во зависност од огласите на кои веќе сте аплицирале. Ако еднаш аплицирате на позиција: менаџер за производство, на вашиот маил ќе ви пристигнуваат известувања за сите објавени огласи за оваа работна позиција. На овој начин секогаш ќе бидете во тек со сите огласи за вработување за кои би биле заитересирани, без притоа да пропуштите ниту еден од нив.
- Следи ги своите омилени компании. Со оваа опција, покрај сите огласи за вработување во вашите омилени компании ќе бидете во тек со сите новости кои ќе ги објави компанијата.
- Бесплатен психолошки тест кој може да го испратите во прилог на својата апликација. Секој регистиран корисник на Vrabotuvanje.com има бенефиција да направи бесплатен психолошки тест кој може да го доставува во прилог на своето CV при аплицирање на огласи.
- Вие ги одредувате условите. Кога ќе направите профил можете да определите за колкава плата сакате да работите, каков работен однос би прифатиле, за каква работа сте заинтересирани...