Од 7. до 14. октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и запознајте се со можностите за кариера во А1 Македонија!
А1 е телекомуникациска компанија, фокусирана на креирање и нудење на понуди за конвергентни и софистицирани дигитални решенија, коишто ги задоволуваат комуникациските потреби, не само на резидентните и на деловните корисници, туку и на секое модерно семејство.
Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. Повеќе од 1000 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.
А1 ја сочинуваат над 1000 млади и амбициозни таленти
Вработените се во центарот на динамичниот бизнис и А1 ја црпи својата конкурентна предност пред другите, од вештините, способностите, флексибилноста и одговорноста на своите вработени кон корисниците. Затоа компанијата на вработените им нуди можност за постојан раст и развој, преку формални и неформални обуки, како и други алатки за напредување. Како член на Групацијата Телеком Австрија, вработените на А1 имаат можност да работат во меѓународна средина и да разменуваат знаења, искуства и најдобри практики со своите колеги во Групацијата.
А1 Македонија постојано работи на креирање нови решенија, воведување нови активности и пракси, иновативни производи и канали за комуникација со корисниците, а истите се реализираат на уникатен начин. На уникатен начин компанијата се поставува и кога се во прашање вработените, постојано се воведуваат нови пракси кои придонесуваат кон нивна мотивираност, продуктивност, подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа, пракси кои го поттикнуваат учењето и напредокот во кариерата, вели Маја Анчевска Цветковска, Специјалист за Човечки ресурси во А1 Македонија.
Влезете во светот на А1 Македонија
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, активните огласи за вработување и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на А1 Македонија на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 7. до 14. октомври.
Како да успеете? Само направете го првиот чекор и направете работите да се случуваат :) - вели Маја Анчевска Цветковска, регрутерот на А1 Македонија која со нетрпение ги очекува Вашите прашања. Важно е да ја препознаете можноста и да возвратите, да имате желба за учење и да станете иден експерт во одредена област.