Укинувањето на ПЦР тестот за граѓаните на Србија, Косово, Црна Гора и Албанија ќе се случи од понеделник, 12 октомври, дознава ТВ21.
Укинувањето на тестирањето беше најавено во текот на вчерашниот ден. Комисијата за заразни болести донела предлог, и го испратила на Владата, која денеска го одобрила, и донесе одлука за стапување во сила од понеделник.
Премиерот Зоран Заев најави дека ќе биде разговарано на некоја од следните седници и дека укинувањето има свои предности, и недостатоци и дека се води конструктивна дебата.
Во сила е задолжителен ПЦР тест за влез во земјата на овие граѓани. Исто така најавено е и ограничување на патувањето и без тестирање, односно ќе биде дозволено само за оние кои е неопходно, но не е познато како ќе биде изведено тоа.