Кинеската компанија за производство на челик, „Џиангкси“ ги награди сите свои 4.116 вработени со нов автомобил. Наградата е заради надминување на зацртаната заработка, петта година по ред.
Корпорацијата „Џиангкси“ на своите вработени, неколку недели пред Денот на кинеската државност, им подари вкупно 2.933 возила Форд Територи и 1.183 Фолксваген Маготан. Според кинеските медиуми, фирмата тоа ја чинело 500 милиони јуани (74 милиони долари).
Компанијата соопшти дека ќе плати и за регистрација, петгодишно осигурување на автомобилот, како и данок за него. За сето тоа, кинеската корпорација доби пофалби од своите следачи ширум светот.