![Подгответе се за зимското сметање на времето - стрелките одат еден час назад](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/7d/f1b47dd7-resize-820x0x100.jpg)
Следната недела се менува начинот на сметање на времето.
Еден час назад утрото меѓу сабота и недела на 24 и 25 октомври, стрелките на часовникот можеби за последен пат ќе се вратат наназад. Во недела на 25 октомври, во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго.
Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно. Граѓаните со кои зборувавме се со поделени мислења.