Платежни картички од четвртиот сет на економски мерки ќе бидат во изност од 6.000 денари и ќе бидат наменети за пензионери, самохрани мајки и баратели на работа.
Ова е поддршка во справувањето со последиците од економската криза.
Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички.
Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.
Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.