Министерството за внатрешни работи информираше дека од денес може да закажувате термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072929292.
„Покрај онлајн закажувањето преку веб страната на МВР (http://termin.mvr.gov.mk/) и со закажување преку фиксен телефон на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072929292. Обезбедени се 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи“, соопштија од МВР.