Шефот на француската групација за луксузни брендови, Louis Vuitton, Бернард Арно, го зголеми личното богатство за осум милијарди долари. Тој сега има богатство од 122 милијарди долари, а порастот е благодарение на растот на цените на акциите, пишува Forbes.
Иако поради пандемијата, продажбата на луксузни производи забележа огромен пад, сепак Louis Vuitton покажа знаци на подобрување, што го поттикна растот на акциите за околу 6%.
Од почетокот на годината, групацијата бележи намалена добивка за 21%, а приходите од продажба на козметички производи се помали во споредба со истиот период лани.
Најголем пад на приходите има на пазарите во Европа и САД, но продажбата во Азија, особено во Кина, има најголем раст и тоа надминува 20%.