Вработување.ком како главен покровител на конференција за човечки ресури со огромно задоволство ве поканува на 3 и 4 Декември да бидете дел од најголемиот онлајн настан за HR професионалци - 12-та Меѓународна MHRA Конференција “Future-Fit Organizations: Proactive HR”
Македонската асоцијација за човечки ресурси дванаесетта година по ред ја организира меѓународна конференција за човечки ресурси. Оваа година, 12-тото издание на MHRA CONFERENCE доаѓа во дводневно онлајн издание,со наслов “Future-Fit Organizations: Proactive HR” а покрај шансата да се слушнат презентации од врвни и докажани авторитети од областа, настанот вклучува и HR Expo – интерактивна платформа преку која професионалците за човечки ресурси ќе може да се запознаат со најновите HR продукти и услуги кои ги нудат компаниите кои се специјализирани во оваа дејност.
-Иако подготвена и најавена за 20 мај како најголем HR настан во земјава заради целата ситуација во светот истата беше откажана - Вели претседателот на Асоциацијата за човечки ресурси Дарко Петровски
-Но бидејќи Мотото на Македонската асоцијација за човечки ресурси е „Луѓето пред сѐ. сепак одлучивме Конференцијата д да ја одржиме на крајот од оваа година, на 3 и 4 декември, бидејќи тоа им го должиме на нашите индивидуални и корпоративни членови, партнери и верни поддржувачи, на менаџерите на компаниите и претставниците на целото македонско стопанство, а пред се на нашите HR професионалци, експерти, тренери и обучувачи, ментори и коучи.
Програмата на конференцијата оваа година ќе обезбеди и панел со претставници од повеќе земји во Јужна и Југоисточна Европа, како Бугарија, Италија, Шпанија, Србија, Хрватска и други, нешто што нашата асоцијација го иницираше пред една и пол година во рамките на Европската асоцијација за менаџмент со луѓе (EAPM). Се работи со земји кои во многу нешта имаат сличности од аспект на пазарот на трудот, но и во менталитетот и однесувањето на луѓето во една организациска средина и потребите од нивен професионален развој. На панелот ќе дискутираме теми кои се заеднички за целиот регион во напорите за зајакнување на економиите преку развој на организациите и компаниите и зголемување на конкурентноста преку успешно менаџирање со луѓето, справувањето со одливот на работната сила и мозоците и зголемувањето на нивото на иновативност и продуктивност. ЛИНК до АГЕНДА
Насловната тема на конференцијјате е Организации способни за иднината: Проактивни човечки ресурси а еве како претседателот Петровски ја дообјаснува истата:
-Насловот на темата, за која се одлучивме пред повеќе од една година, го потврди визионерството на Управниот одбор на асоцијацијата и доби целосна верификација токму во оваа година исполнета со страв кај луѓето, економска криза, несигурност и неизвесност. Токму во вакви изменети услови на работење, HR професионалците беа на испит да обезбедат модели и да направат трансформација на многу претходно востановени процеси и да го прилагодат функционирањето на системите каде луѓето играат клучна улога. Многу од трансформативните процеси го истакнаат значењето на дигитализацијата во организациите кои неминовно треба да се вклопат во иднината. Слободно може да кажеме дека иднината за организациите дојде преку ноќ, многу побрзо отколку што ја очекувавме.
Но, улогата на HR менаџерите и професионалците во компаниите не беше само во ремоделирање на системите и процесите, туку и во обезбедување на секојдневните потреби на своите вработени за заштита, чувство на сигурност, флексибилизација на организациските правила и прилагодување кон новите потреби на семејството и децата, предизвикани од новонаметнатите режими на работа на детските градинки, училиштата и факултетите, сообраќајот и трговската мрежа, институциите итн.
И конечно, проактивноста на HR професионалците беше и продолжува во обезбедувањето ментална поддршка за своите вработени за справување со промените што ги донесе една ваква неизвесна состојба во која се најде целокупното општество на нашата планета. Промените реално претставуваат константа на која веќе се научени пред сѐ организациите во секое деловно опкружување.
Што треба да очекуваме од 12-тото издание на меѓународната конфереција за човечки ресурси?
Веќе неколку години по ред, нашите конференции се едни од најпрестижните бизнис настани кај нас со присуство на повеќе од 300 учесници од регионот и пошироко. И оваа година, иако во видоизменет формат како онлајн конференција, ќе понудиме врвно искуство за учесниците и програма исполнета со актуелни содржини и квалитетни говорници од повеќе земји од Европа и светот. За отворањето на конференцијата особено ни укажа чест г. Боб Мортон, Претседател на Светската федерација на асоцијации за менаџмент со луѓе, кој ќе говори за „Иднината на работата“.
Покрај богатата програма што ја составивме во делот на говорниците кои ќе ни ги пренесат своите модели, концепти, искуства и практики, годинава имавме посебен предизвик и ние да направиме трансформација и во организацијата на конференцијата да вклучиме најнапредни дигитални технологии и да обезбедиме не помало искуство од тоа на што се навикнати нашите учесници на претходните конференции. Иако конктот во живо со ништо не може да се замени, ние се потрудивме да обезбедиме платформа за реализација на конференцијата која ќе понуди и дополнителни содржини во однос на претходните, а сето тоа да протече флуентно и да има еден префинет тек како и во минатите години.
Доколку сакате да бидете дел од конференцијата резервирајте го вашиот билет ОВДЕ.