Ред Бул има уште една одлична деловна година зад себе, а клучните акционери можеа да си дозволат да исплатат фантастична дивиденда. Вкупно, тие исплатија 554 милиони евра дивиденда на основачот Дитрих Матешиц и големите акционери, тајландското семејство Јоовдија, кое некогаш се занимавало со одгледување патки.
Минатата година нето-заработката на Ред Бул порасна за 10 проценти (на 818 милиони евра), по растот на бруто приходите од 8,6 проценти. Бизнисот на Ред Бул се заснова на силниот раст на нивните подружници. Компанијата за управување лоцирана во Австрија е намалена од 160 на 119 вработени во 2019 година, а 40 вработени имаат годишен приход над 900 000 евра или 75 000 евра месечно.
Ред Бул е основана во 1987 година откако еден австриски “волшебник“ за маркетинг тргна во потрага по енергетски пијалок што ќе ги држи луѓето будни по долгите службени патувања и различните временски зони. Ред Бул продаде 7,5 милијарди лименки минатата година, а Матешиц е денес најбогатиот човек во Австрија со нето вредност проценета на 15,9 милијарди долари.
Патем, секторот за енергетски пијалоци процвета. Милионери станаа и основачите на „Monster Beverage“, „Rockstar“ и „Carbao Group“.