Важноста на моќните зборови кои може да се најдат во вашата биографија или мотивациско писмо не смее да се потцени. Ова се неколку зборови кои ќе и дадат дополнителна тежина на вашата апликација за работа.
Користењето на т.н. „моќни зборови“ во вашето CV или мотивациско писмо може да ви помогне да ги истакнете вашите клучни силни страни и да си ги зголемите шансите за вработување. Моќните зборови исто така можат да ви помогнат да ја украсите вашата биографија за да изгледа „поживо“.
Моќните зборови се корисни од повеќе причини
Прво и најважно, тие може да му помогнат на менаџерот за вработување полесно да ја разгледа кратката биографија или мотивациско писмо и да го најде точниот термин што го бара.
Второ, биографиите може да станат афера која се повторува. Да бидеме искрени, мнозинството апликанти едноставно ја копираат или превземаат својата кратка биографија од интернет. Додавајќи список на моќни зборови во вашата биографија можете да покажете дека вашиот начин на изразување не е ист како на сите други.
Па, еве ја листата на моќни зборови кои во иднина можеби ќе сакате да ги вклучите во вашата кратка биографија на англиски јазик:
- Allocate
- Assist
- Approve
- Acknowledge
- Accommodate
- Advertise
- Assess
- Advantage
- Balance
- Boost
- Budget
- Create
- Coach
- Consolidate
- Compile
- Communicate
- Change
- Cultivate
- Coordinate
- Develop
- Deliver
- Distribute
- Ensure
- Enhance
- Explain
- Exhibit
- Fix
- Help
- Handle
- Improve
- Launch
- Lead
- Operate
- Organize
- Oversee
- Monitor
- Motivate
- Provide
- Process
- Prepare
- Review
- Resolve
- Support
- Schedule
- Target
- Teach
- Win
Овие зборови, според експертот Ана Верасаи, може да ви дадат моментален поттик и да ви помогнат да имате предност пред другите кандидати кои аплицирале за истата позиција.