![Информација за сите кои плаќаат сметки во Пошта](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/cb/b55719bc-resize-820x0x100.jpg)
Од први март плаќања во Пошта со пониски провизии
Граѓаните од први март ќе можат своите сметки да ги плаќаат на шалтерите во Пошта, а договорот со Халкбанк се очекува да биде потпишан до крајот на годината, вели новиот директор на Македонска пошта, Јани Макрадули.
“Враќањето на репутацијата која порано ја имаше Пошта е приоритет кој го работиме. Средствата кои ги даде Владата ќе бидат насочени за исплата на платите. Обврска на банката е најдоцна за два месеци да започне, а јас верувам дека на први март следната година, граѓаните ќе можат да плаќаат, по најниска провизија“, изјави Макрадули.