Станува збор за одгледување на боровинки. Иако заработката е голема, нивното одгледување не е баш така едноставно. Боровинките се осетливи на многу фактори. Осетливи се на земјиштето, квалитетот на водата и бара подигнување на мали ридчиња. Секако, потребно е и наводнување.
Одгледувањето на ова овошје може да ви донесе дури 5.000 евра месечно.
Ако добро ја насадите, на еден хектар може да добиете околу 15 садници со боровинки. Едно семејство кое започна со овој бизнис говори дека на почетокот започнале со 200 хектари, а сега имаат околу 900.
Боровинката претставува повеќегодишен џбун со различна висина, во зависност од подвидот (европската е висока од 25 до 40 см, додека американската од 70 до 120 см). Во Македонија, на високите планински врвови, природно расте европската боровинка. Кореновиот систем е плиток и се простира на длабочина од 15 до 60 см. Плодовите, во зависност од сортата, зреат од третата декада на јуни до крајот на јули.
Доколку сакате да се занимавате со одгледување боровинки, стручњаците од оваа област го препорачуваат системот на хидропонија. Тоа е садење во пластични вреќи на нива. Кога станува збор за извоз, објаснуваат дека може да се извезе само зрела боровница.
„За хектар боровница вкупно мора да се вложат 60.000 евра.
За да има заработка мора да поминат две до три години.
По садница првата година се берат 800 грама боровница.
Земјоделството се менува, и мора постојано да се учи“ – велат тие.
Пласман за извоз на боровинки има во Холандија и тоа по цена од 5.45 евра по кг. (Велат одгледувачи на боровинки од Србија). Цената за килограм боровинки на големо во Македонија е околу 100 денари.