Со години сме дел од изборот за Сајт на годината, но годинешнава награда за Најдобар сајт за Е-трговија и огласи за 2020 година е посебно признание за целиот наш тим
Во оваа година на предизвици и промени, година на многу изгубени работни места и компании на раб на егзистенција, успеавме да бидеме лојален партнер на двете страни и да дадеме придонес во надминување на оваа ситуација.
Секој оглас, секој клиент, секоја апликација, секое пополнето работно место за нас е мотивација да бидеме најдобри во она што го работиме.
А оваа награда ќе биде печат на 2020 година, која ќе се потрудиме да ја паметиме по вакви убави нешта и секогаш ќе не потсетува дека во криза сме биле најдобри.
Тоа го кажаа гласовите на интернет корисниците ширум земјава, кои 11-ти пат по ред бираа Најдобар сајт на годината во повеќе категории, во склоп на манифестацијата Избор на сајт на годината, проект во организација на Media Solutions и KeepAnEye.
Поради актуелната ситуација, прогласувањето на добитниците оваа година се реализираше онлајн, а видеото од настанот може да го видите на ЛИНКОТ.
Честитки до сите добитници на награди во останатите категории!
Ви благодариме за поддршката!