Федералната агенција за вработување во Германија објави список на плати во земјата.
Ова е список на плати за 2019 година и ја покажува просечната бруто плата на најпопуларните занимања во Германија.
- Медицинска сестра заработува 3.547 евра
- Пекар 3.502 евра
- Продавач на слатки 1.839 евра
- Возач на багер 3.421 евра
- Службеник во банка 4.875 евра
- Градежен инженер 5.246 евра
- Професионален возач 2.556 евра
- Лица кои местат кровови 3.265 евра
- Електричар 3.143 евра
- Електро механичар 3.694 евра
- Грнчар 3.003 евра
- Фризер 1.684 евра
- Водоводџија 3.056 евра
- Касиер 2.214 евра
- Келнер 1.934 евра
- Готвач 2.284 евра
- Сликар 2.776 евра
- Ѕидар 3.214 евра
- Столар 3.153 евра
Сепак ова не се износите што работникот ги добива на рака, бидејќи државата прво зема дел таа сума за даноци и здравствено и пензиско осигурување. Дополнително оние кои се членови на црквите се плаќаат и црковни даноци.
Износот на одземениот данок од платата зависи од даночната класа на работникот, а при пресметката, улогата ја игра дали работникот е оженет или сам, дали е самохран родител, колку деца има и други податоци.
Германците имаат шест даночни класи. Третиот тип данок, на пример, се препорачува за сопружници чиј партнер нема приход или неговиот приход е многу помал, додека четвртиот се препорачува за брачни парови кои заработуваат приближно иста плата. Колку е поголема платата, толку е поголема разликата во промената на даночните класи.
Германија исто така има одредена минимална час стапка. На почетокот на оваа година имаше зголемување на минималната плата на час работа од 9,19 на 9,35 евра за час работа.
Минималната часовна стапка беше воведена во 2015 година и изнесуваше 8,50 евра. Оттогаш, тој постојано расте, а до средината на 2022 година, според проценките, треба да изнесува 10,45 евра.