![Направил хаос во фирмата од каде што добил отказ пред четири години](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/33/f6295433-resize-820x0x100.jpg)
Поранешен работник од производен погон на Mercedes во Шпанија направил вистински хаос, оставил штета од милиони евра, четири години откако добил отказ.
Тој влегол со багер во фабриката на Mercedes – Benz во шпанскиот град Виторија. Потоа земал лопата и почнал да ги крши новите возила паркирани во кругот на фабриката.
Поранешниот работник лудувал неколку минути, по што реагирало обезбедувањето. Зад себе оставил 50 уништени возила, а за хаосот сведочат и фотографии објавени на социјалните мрежи.
Сега се соочува со обвинение за причинета голема материјална штета.