Измените во законот за безбедност во сообраќајот стапија на сила. Со нив се предвидува повеќе да не се пишуваат казнени поени, туку да ви биде одземено возилото до најмногу три месеци.
Ако вашето возило бучи силно, испушта црн чад или пак полицијата се посомнева дека е неисправно – ќе може веднаш на лице место да ви го одземе – најмногу до три месеци.
Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена, стои во донесените измени.
Од сообраќај веднаш ќе бидат отстранети и возачите без положен возачки испит или со истечена возачка, како и оние кои што управуваат возила под силни дејства на антидеп ресиви, кои возат уморни, пијани. Според законот сите трошоци во вакви случаи ги сноси возачот. Во законските измени дел од казните се намалени и до 50 евра.
Со измените се зголемува и рокот на важноста на возачката за лицата постари од 75 години. Од сега тие ќе треба да ја продолжуваат возачката на 5 годни, а не на три како што беше досега. Во законот вметнати се и електричните тротинети.
Извор: Скопје24