Владата одлучи да го продолжи рокот до 31 март за сите граѓаните кои не добија финансиска помош од 6.000 денари порати неажурирани податоци во банките. Овие 6.000 денари се наменети за категоријата на ранлива група на граѓани.
Со ова продолжување на рокот, 6.000 денари ќе добијат околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважија приговорите, велат од Владата.
Најголем број од случаите кои не добија помош поради неажурирани податоци беа пензионерите од кои се бараше да одат во банките и да ги ажурираат податоците. Иако на пензионерите секој месец на сметките им стигнува пензијата, помошта не можеше да им се исплати, ако до 25 декември не ги ажурираа податоците во банките.
Паричната помош од 6.000 денари за ранливи група е дел од четвртиот пакет мерки на Владата за справување со коронакризата. Со помошта беа опфатени граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
Извор: pari.com.mk