Министерството за труд, семејство, социјална работа и еднакви можности на Словенија до крајот на месецов ќе исплати по 50 евра за секое малолетно дете во земјата, како дел од мерките за финансиска помош за справување со вториот бран на Ковид-19.
Надоместок ќе добие секој родител или старател на дете до 18 годишна возраст со постојан или привремен престој во Словенија.
Родителите кои веќе примаат детски додаток по службена должност ќе добијат исплата на овие средства.
Останатите може да аплицираат за оваа помош преку пополнување на апликација до 31 јануари 2021 година.