Креирањето на вашата кратка биографија може да биде стресно. Но, што ако навистина можете да составите CV за 15 секунди или помалку?
Иако постојан многу ресурси кои можат да им помогнат на барателите на работа да креираат своја кратка биографија, еден од наједноставните начини да го направите тоа е преку LinkedIn:
1. Влезете во вашата сметка на LinkedIn
2. Кликнете на паѓачкото копче „Me“ во горниот десен агол и кликнете „View Profile“.
3. Кликнете на копчето „More“ во воведната картичка (во делот под сликата на вашиот профил).
4. Кликнете на „Save to PDF“.
И баш така, имате биографија!
Имајте на ум дека само карактерите напишани на англиски јазик ќе бидат прикажани правилно. И ќе ви треба премиум претплата за да изберете кои делови да ги вклучите во PDF.