Минималната месечна плата во земјите на ЕУ се движи од 332 евра во Бугарија до 2.202 евра во Луксембург, според Европската агенција за статистика (Евростат).
Според податоците на Евростат, во јануари 2021 година, минималната плата во десет земји - членки на ЕУ била под 700 евра, и тоа сите земји се од Централна и Источна Европа.
По Бугарија (332 евра), најниска минимална плата е забележана во Унгарија (442), Романија (458), Летонија (500), Хрватска (563), Чешка (579), Естонија (584), Полска (614), Словачка (623) и Литванија (642).
Во пет земји, претежно на југот на ЕУ, минималните плати се движеа од 700 до 1.100 евра, почнувајќи од Грција (758), Португалија (776), Малта (785), Словенија (1.024) и Шпанија (1.108).
Највисок минималец во ЕУ добиваат граѓаните на земјите од запад и север на Унијата: Франција (1.555 евра), Германија (1.614), Белгија (1.626), Холандија (1.685), Ирска (1.724) и Луксембург (2.202).