![Достава на документи на домашна адреса, Е-трговија: Нови услуги од Пошта](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/69/7f93f996-resize-820x0x100.jpg)
Националната Пошта воведе нова услуга за достава на изводите од матичната евиденција на домашна адреса на граѓаните. Документите ќе се доставуваат препорачано со повратница.
-Пошта ги доставува изводите од матична евиденција на адреса на секој заинтересиран граѓанин низ целата држава. Избегнете ги гужвите во сообраќајот, турканиците пред шалтерите и не се изложувајте на ризик од Ковид-19!, објави Пошта.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори. прво треба да се пристапи на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ , што е платформа на Управата за водење на матични книги која гарантира заштита на личните податоци и безбедна наплата. Таму треба да се пополнат податоците, да се избере начинот на достава преку пошта, а таксата се плаќа електронски.
Поштарот ги доставува бараните документи на домашната адреса во рок од 72 часа. Документите се доставуваат препорачано со повратница.
Постапката се одвива во 4 едноставни чекори: 1. Пристапете на https://e-portal.uvmk.gov.mk/ – платформа на Управата за...
Posted by Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut on Thursday, March 4, 2021
Од викендов се воведува уште една нова услуга
„Пошта“ од викендов воведува нова услуга, е-трговија, преку која може да се направи онлајн нарачка-подарок и да се испорача на саканата адреса.
Ова е првпат нашата пошта да овозможи ваква услуга, а повод за оваа нова услуга е праазникот на жената 8 Март.
На официјалната веб страница на Пошта може да се избере еден или повеќе од понудените подароци, потоа се внесуваат свои, како и контакт – податоци (и адреса надостава), како и опција за персонализирана порака која во оргинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.
Наплатата е преку онлајн – системот на Халкбанк.
Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.
Aktualno
ПЛАТА НАД 30.000 денари: Пекабеско вработува ДИСТРИБУТЕРИ НА ХРАНА
Аплицирајте
Ве касаат комарци? Храната има врска, еве што да избегнувате
Летните вечери се најдоброто нешто во овој период од годината - нема ништо поубаво од тоа да седите на тераса или балкон навечер и да се разладите по топол ден.
Дали Германија е ветената земја? Се повеќе работници се жалат дека не е!
Германија со години важи за една од најпосакуваните земји за работа. Сепак, колку се задоволни вработените во Германија? Новото издание на истражувањето на Галуп за европскиот пазар на труд покажува: Сè помалку !, пренесува германската новинска агенција .
Српски медиум посети маркет во Скопје и направи споредба со цените во Белград: „Ова е нешто незамисливо“
Српскиот медиум „Нова“, беше во посета на Скопје, каде посети маркет, и ги спореди цените со Србија.
Што може да купите со една просечна пензија во маркет во Македонија?
Просечната пензија во Македонија за месец март 2024 година изнесувама 21.209 денари. Ако се подели на 30 денови, се добива сума од 707 денари на ден, или околу 7.950 денари неделно.
Бабите и дедовците во Шведска можат да добијат додаток за грижа за нивните внуци
Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето.