![ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Од 1-ви јули БЕСПЛАТЕН роаминг низ Западен Балкан](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/92/37087c29-resize-820x0x100.jpg)
Укинувањето на роамингот е дел од договорот на земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија).
Првата фаза од спроведувањето на договорот започна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот, беше најавена за 1 јули 2021 година.
Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.