Млада, креативна, оригинална... Ива Спасовска плени со својата енергија, ентузијазам и љубов кон она што го работи, а ова го потврдува секој кој го посетил нејзиното модно атеље. Создаваат сè што една дама може да посака, а важат за тим кој постојано се надоградува и расте како семејство кое креира вистинска модна бајка...
Поразговаравме со Ива за нејзините почетоци, за тимот, за тоа како е да се биде дел од Iva Spasovska Atelier...
Во денешно време се поретко се среќаваме со луѓе кои што на современ начин ги негуваат занаетите и успешно го прават тоа. Ива, може ли да ни кажете од каде се роди љубовта кон креирањето?
Откако знам за себе креирам. Уште како дете цртав, лепев декорации, шиев, сецкав секакви материјали и елементи и ги вметнував на најразличен начин. Мојата фантазија е бујна и тоа го препишувам на Бог и гените :)
Што е она што ја всади таа љубов кај вас, што е тоа што најмногу ве мотивираше да отворите едно ателје? Кога започнавте со овој бизнис и раскажете ни нешто повеќе за вашата работа? Дали вие сте единсвениот креатор на делата или пак можеби имате и помош?
Почнувајки сериозно да креирам модни парчиња кои ги нема на пазарот и големата заинтересираност од страна на понежниот пол кон сето она што го изработував ме мотивираше и понатака за преминам во сериозен бизнис кадешто раните мои почетоци или пред 13 години почнав да ги користам мојата фантазија и моите две раце неуморно креирајки најпрвин накит, а веднаш потоа и ден денес мојот легендарен корсет со корпа на кој сум нескромно горда и кој усреќи безброј жени и девојки и денеска венчаници, фустани, капути, долна облека, сакоа, панталони и се што една жена посакува да носи а неможе да го купи никаде, ние го остваруваме. Секој еден поединец во нашиот тим е инволвиран во креациите, почнувајки од идеја па се до финалната задоволна насмевка на нашиот клиент.
Сигурно кај нашите читатели се јавува љубопитност, како изгледа еден работен ден во вакво студио? Како е да се биде дел од вашиот тим?
- Прекрасната ведра работна атмосфера е она што нас не опишува. Во Ива Спаспвска Атеље секој еден клиент не останал рамодушен од нашиот прием и хармонична работа, кадешто буди задоволни насмевки вистински од срце, а вработените тоа го чувствуваат лично како дел од нивниот живот и успех. Ние секој еден ден се надоградуваме и растеме како семејство и сме сплотени како еден вистински тим во кој што секој би посакал да биде дел.
Зборувавме за работата и предизвиците кои што ни ги нуди оваа професија, но ајде малку подетално да поразговараме за успесите. Кои се вашите најуспешни проекти и соработки на кои сте особено горда?
- Покрај многуте самостални модни ревии на атрактивни локации, секоја една индивидуална нарачка од страна на нашите клиенти или реализирање на нова колекција ние ја доѓивуваме со подеднаков успех во нашата работа, а сето тоа се должи на огромната љубов кон модата што сите кои се дел од тимот ја чувствуваат вистински, и тоа се познава веднаш штом ке стапнете кај нас во атеље.
Да поразговараме во врска со креациите. Што ве инспирира? Која е вашата најомилена креација која што со задоволство сте ја работеле и која креација ви одземала најмногу време? Колку време е потребно да се создаде еден креација?
- Безброј креации ми се омилени, неблагодарно би било доколку одвојам дел од нив поради тоа што ние исклучиво креираме модни парчиња кои вистински ги доживуваме како свои, креираме како за себе, изработуваме со срце и вешти раце.
За крај, што би им порачале на кандидатите кои би сакале да станат дел од тимот на вашето ателје?
- Секој еден од вас што сака да биде дел од една модна бајка која е во подем на раст, полна со ведрина, забава, млада енергија која плени, работа која секојдневно носи новитети и широк спектар на креативни моменти од изработка, кроење, споделување идеи, шиење, комуникација со нашите прекрасни клиентки и усреќување на истите, и доколку сево ова горенаведено ве возбудува и ви претставува предизвик, со широко срце ве очекуваме да се пријавите.
Стани дел од тимот на Ива Спасовска Ателје - АПЛИЦИРАЈ за позицијата КРОЈАЧ/КА / ШНАЈДЕР/КА