Пред неколку години Центарот за истражување и заштита на џиновски панди во Ченгду, во кинеската провинција Сечуан, имаше објавено оглас за лица чија што единствена работна задача е да галат бебиња панди кои што се загрозен вид на животни.
Според тогашните информации кои што беа објавени во “Чајна Дејли “, експертите кои што ќе галат панди имале платена храна и спиење и годишна плата во вредност од 200.000 јуани (околу 28.000 евра).
Центарот редовно вработува и други видови експерти, како што се специјалисти за хранење бебиња панди кои што морале да носат облека како панди за да им приоѓаат на младенчиња без страв.