Секој кој што сака да напредува во својата кариера и да ги зголемува своите знаења е добредојден во Микросам
Од мала компанија основана во 1990 година, Микросам прерасна во глобален лидер за производство на роботски и ЦНЦ машини во светот. Компанија која благодарение на своите успеси и тим од професионалци е вистински бренд амбасадор на Македонија во светот. Микросам е една од ретките компании во светот која има инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа, а во соработка со НАСА успеа да направи мулти роботска ќелија за производство на делови за вселената.
Микросам е пример за успешна компанија во секој аспект од своето работење. Нивниот успех на глобално ниво е неоспорлив, но Микросам како компанија е подеднакво успешна и од внатре. Прочитајте повеќе за тоа што значи да се биде дел од тимот на Микросам:
„Секој од вработените во Микросам има голем придонес во нашиот долгогодишен успех и сме благодарни на сите наши колеги и колешки кои преку својата работа и посветеност, секојдневно придонесуваат во растот и развојот на Микросам. Може да се пофалиме дека во Микросам имаме вработени од цела Македонија, едноставно, луѓето знаат дека кај нас ќе имаат можност за професионален развој со вртоглава брзина и тоа го гледаат како голема предност. Дополнително, со цел да им олесни во нивната одлука обезбедуваме надомест на трошоци за превоз или сместување. Секој наш вработен има можност да го надоградува своето знаење во нашиот Институт за роботика и композитни материјали. Тука, на секој вработен му се дава можноста да ги продолжи своите магистерски или докторски студии, притоа користејќи ги ресурите на Микросам за истражување и развој. Микросам субвенционира возрасни лица да посетуваат обука за помошници машински и електро инженери во траење од 4 месеци, што понатаму дава можност за најуспешните да се вработат во компанијата. Постојано изнаоѓаме начини како да го поддржиме развојот на секој кој е заинтересиран да биде дел од Микросам. Секој кој што сака да напредува во својата кариера, да биде надвор од својата комфорт зона и да ги зголемува своите знаења во едно пријатно опкружување е добредојден во Микросам. Успехот на секој е и заеднички успех и како таков нема да биде изоставен!“
Оваа година Микросам прославува 30 години постоење, како успеавте да се одржите толку долго? Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте? Што е она што ве направи посилни и кое е вашето мото што ве тера напред?
Горди сме што постигнавме да прославиме триесетгодишно постоење на Микросам како вистински бренд амбасадор на Македонија во светот. Секојдневно се соочуваме со најразлични предизвици. Овие години ни беа навистина исполнети со креативна работа, бура на различни идеи, непрекината работа, безброј часови поминати во организирање, контролирање и лично и професионално усовршување на секој од нас. Нашето растење и продуктивност зависат од многу фактори како, нашиот исклучителен тим на вработени, нашите соработници, почитувани клиенти кои допринеле за прекрасни три децении на постоење. Она што не мотивира е тоа што и понатаму заеднички продолжуваме да го докажуваме нашиот потенцијал и капацитет задоволувајќи ги и најкомплексните решенија во областа на високата технологија и современите композити.
Ако треба да напишете CV на вашата компанија, кои се поентите кои би ги нагласиле, на кои успеси сте посебно горди?
Како мала компанија основана во 1990, достигнавме до глобален лидер за производство на роботски и ЦНЦ машини за композитни материјали. Пратејќи ги сите најнови технолошки решенија досега имаме инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Во Индија ја испорачавме првата автоматска линија за плински резерворари во светот. Заеднички со НАСА успеавме да направиме мулти роботска ќелија за производство на делови за вселената. Ја направивме најголемата автоматска линија за ЦНГ резервоари за познатата компанија Магна, Австрија за Ауди возила. Клиентите ни се од најразлични индустрии, како авионската, вселенската, автомобилската, воената, градежна и други. Се издвојуваме од малата конкуренција која ја имаме по тоа што правиме единствени и уникатни решенија за нашите клиенти согласно нивните барања.
За колкав тим на вработени се работи и какви профили на кадри работат кај вас? Дали е лесно да се најдат?
Во моментот броиме близу 180 вработени во нашите канцеларии во Прилеп и Скопје. Горди сме на фактот што во изминатите години успеваме да одржиме стабилен пораст на вработени, со претходно направен план и стратегија. Во нашиот тим имаме машински, електро и софтверски инженери, технолози, делот со администрација, продажба и маркетинг и секако, вработените во производство. Секој од вработените во Микросам има голем придонес во нашиот долгогодишен успех и сме благодарни на сите наши колеги и колешки кои преку својата работа и посветеност, секојдневно придонесуваат во растот и развојот на Микросам. Мотивацијата на потенцијалните вработени да бидат дел од Микросам е голема и засега имаме голем број на заинтересирани кандидати кои сакаат да бидат дел од нашата успешна приказна.
Најчесто изборот за работа на младите е Скопје, како вие наоѓате мотивација да ги привлечете кадрите да работат во Прилеп?
Она што го работи Микросам и начинот на кој што работиме го има единствено во нашата компанија. Во Македонија, регионот, па и пошироко не постои компанија која се занимава со роботика, производство на машини и компоненти за машини за современи композити. Во нашето портфолио се вбројуваат многу звучни имиња на наши клиенти, тоа се сериозни компании од целиот свет и ова е мотивација плус кај секој млад човек да дојде и работи во Микросам во Прилеп. Може да се пофалиме дека во Микросам имаме вработени од цела Македонија, едноставно, луѓето знаат дека кај нас ќе имаат можност за професионален развој со вртоглава брзина и тоа го гледаат како голема предност. Дополнително, со цел да им олесни во нивната одлука обезбедуваме надомест на трошоци за превоз или сместување.
Што значи да се биде дел од тимот на Микросам? Кои бенефиции ги имаат вработените?
Најголемата мотивација кај секој вработен во Микросам е гордоста да се биде дел од ваква компанија. Преку процесот на работа, вработените учат и запознаваат многу нови и напредни технологии кои само неколку компании во светот ги работат. Во нашата индустрија бројот на конкуренти се брои на прсти и тоа придонесува вработените да работат на глобални предизвици кои ги решаваат само 2-3 фирми во светот. Фактот дека работат на проекти кои создаваат вредност за милиони луѓе, значи дека нивната работа дава огромен придонес во голем број на индустрии ги мотивира секојдневно нашите вработени секој работен ден да го зaпочнуваат со насмевка и да го дадат најдоброто од себе. Не би ја изоставиле и можноста на секој наш вработен да го надоградува своето знаење во нашиот Институт за роботика и композитни материјали. Тука, на секој вработен му се дава можноста да ги продолжи своите магистерски или докторски студии, притоа користејќи ги ресурите на Микросам за истражување и развој.
Денес повеќе од било кога се потенцира Општествената одговорност на компаниите. Што е она што го прави Микросам на тоа поле?
Паралелно со инвестициите кои Микросам ги прави на професионален план во областа во која ја обавува својата основна дејност, не заостанува и во вложувањето кое го прави во прилог на општествената заедница која го опкружува. Во 2007 година компанијата ја има основано Микросам Академијата за млади таленти од 18 до 30 години, која нуди бесплатни курсеви и постои како можност за кандидатите кои сакаат да го надоградат своето знаење, да се обучат и да се приклучат кон Микросам тимот. Главната цел на Академијата е да го поттикне интелектуалниот и личниот развој на младите талентирани луѓе преку понатамошно образование и обука. Академијата има обучено над 250 лица, од кои 150 средношколци, преку проектна настава, учество на натпревари и пристaп до најмодерна технолошка библиотека. Во 2013 година, Микросам го отвори и првиот технолошки летен камп за деца од 12 до 17 години во Македонија, кој нуди врвна едукација во областа на програмирањето, апликации, видео игри, 3Д дизајн и роботика.
Микросам преку Интитутот за современи композити и роботика, е една од акредитираните институции во Македонија која што може да спроведува програми за обука и образование на возрасни, како дел од ЈУ Центар за образование на возрасни, под покровителство на UNDP и Агенција за вработување. Според програмата, возрасни лица се субвенционираат да посетуваат обука за помошници машински и електро инженери во траење од 4 месеци, што понатаму дава можност за најуспешните да се вработат во Микросам. Микросам од 2010 година е вклучен во програмата IAESTE (Меѓународна размена на студенти на техничките факултети), нудејќи пракса за странски студенти. Досега во компанијата пракса имаат остварено студенти од Шпанија, Германија, Јапонија и Велика Британија. Микросам редовно ја следи работата на своите вработени и инвестира во надоградба на нивната професионална подготвеност и образование. Со таа цел, најдобрите и наjистакнати вработени се поттикнуваат и финансиски се поддржуваат да се запишат на магистерски и/или докторски студии на програмите понудени од страна на Интитутот за современи композити и роботика и Универзитетот Гоце Делчев.
Дали планирате вработување на нови кадри и од кои профили?
Микросам како компанија која што постојано расте има намера да го зголемува својот број на вработени особено со инженери. Побарувањата за нашите производи постојано се зголемуваат, особено во овој КОВИД период кога целиот свет се дигитализира, автоматизира, а ние во ова поле сме едни од најдобрите! Од оваа причина, потребата за нови вработувања постои и ги охрабруваме сите кои се гледаат себеси како дел од Микросам, редовно да не следат на социјалните мрежи и нашата веб страна, каде што редовно ги објавуваме нашите отворени работни позиции.
Дали постои можност за вработување на кадри без искуство, дали Микросам има програма за обуки и пракса?
Една од најголемите вредности кои како компанија ги креираме за секој наш сограѓанин е тоа што постојано изнаоѓаме начини како да го поддржиме развојот на секој кој е заинтересиран да биде дел од Микросам. Имаме програма за практикантска работа за студенти во завршни студии, програми за едукација и професионално усовршување на вработените во производствените погони, би ја споменале и нашата Академија која години наназад им овозможува на младите од Прилеп и околината на едноставен начин да стигнат до посакуваното знаење и вештини за да бидат што поконкурентни на пазарот на труд. Исто така ги користиме програмите од АВРСМ за обука на нови вработени кои што немаат искуство.
Што би им порачале на кандидатите кои би сакале да станат дел од Микросам?
Секој кој што сака да напредува во својата кариера, да биде надвор од својата комфорт зона и да ги зголемува своите знаења во едно пријатно опкружување е добредојден во Микросам. Успехот на секој е и заеднички успех и како таков нема да биде изоставен!
Кои се идните планови на Микросам? Ја проширувате ли производната линија или можеби имате планови за нови производствени погони?
Со оглед на зголемувањето на популарноста на Микросам во целиот свет, се планира зголемување на производствените линии. Алтернативата на автомобилите на батерии се автомобили на хидроген заради што има огромен тренд за инвестирање во капацитети за производство на хидроген и транспортни возила на хидроген, а сите тие се прават од композитни материјали. Урбаните летала, еден вид такси за четири до пет патници во следните три години ќе бидат застапени во речиси сите големи метрополи. Тоа е нашиот фокус во поглед на современите композити и тоа се пазарите кон кои сме ориентирани. Воедно, во тек е изградба на уште еден произвoдствен погон кој што ќе овозможи зголемување на капацитетот на работата.
Во моментов Микросам има потреба од Софтвер инженер - АПЛИЦИРАЈТЕ!