![Се дели имотoт на СФРЈ: Колку ќе добие Македонија?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/96/2556e769-resize-820x0x100.jpg)
Социјалистичка Федеративна Република Југославија се распадна пред точно 30 години, но верувале или не нејзиниот имот уште не е поделен.
За ова прашање ќе се расправа на седницата на Европскиот парламент во април а покренато е од известувачот за Црна Гора Тонило Пицула.
Меѓу поддржувачите на оваа иницијатива е и Илхан Кучук, известувачот за Македонија па останува да видиме колку тој ќе се залага нашата земја да добие од колачот.
За делење е воениот имот и зградите во кој се наоѓаа дипломатските претставништва низ светот на атрактивни локации. Потоа недостасаните средства на сметките на некогашната Народна банка на Југославија и државните претпријатија.
Извор : https://pressingtv.mk/