Златото порасна во четвртокот, надминувајќи го највисокиот двонеделен максимум, бидејќи Федералните резерви на САД го задржаа својот “ловечки” став, со својата одлука во средата.
Фјучерсите на златото скокнаа за 1,25% на 1,748,65 долари до 13:22 часот.
Банката на федерални резерви потврди дека ќе ја задржи својата каматна стапка близу до нула до 2023 година, бидејќи го заврши дводневниот состанок во средата. Централната банка исто така соопшти дека американската економија е на пат да оствари најбрзо проширување во скоро 40 години, предвидувајќи раст од 6,5% во 2021 година. Инфлацијата се предвидува на 2,4%, над целта на ФЕД, што е 2%.
“Доларот ослабе значително. Може да се очекува негативноста на доларот да биде поддршка на златото. Тоа не е добро за златото и сугерира дека трендот веројатно ќе продолжи. Златото немаше голем пад бидејќи доларот беше послаб“ изјави стратегот Илја Спивак, за Ројтерс.
Во меѓувреме, приносите на американското Министерство за финансии се одржуваа близу до врвот од повеќе од една година.
„Ако доларот продолжи со слабеењето и приносот продолжува да се смирува, тогаш ова може да го постави златото блиску 1800 американски долари“, изјави глобалниот генерален директор на АБЦ Булион, Николас Фрапел, за Ројтерс.
Кај другите благородни метали, паладиумот порасна за 1,5% и го достигна своето највисоко ниво од 2 март 2020 година, откако производителот Норникел ја намали прогнозата за производството поради запушување вода во два сибирски рудници. Среброто и платината пораснаа за 0,4%.
Извор : https://pari.com.mk/