![Вонредна временска прогноза: Подгответе се за невреме, пристигнува Луцијан](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/4b/7867fdb4-resize-820x0x100.jpg)
Циклонот Луцијан ќе донесе силно невреме во Македонија.
Утре ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец, а поради силното јужно воздушно струење ќе има прашина и песок од Сахара.
Времето ќе биде сончево и многу топло до доцните попладневни часови кога ќе има дестабилизација на атмосферата и локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтезивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
Во сабота веќе на многу места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и исто така локално процесите ќе бидат поинтезивни и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
faktor.mk