![Две скопски населби ќе бидат без струја утре од 8:30 до 15:30 часот](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/89/b7bf1198-resize-820x0x100.jpg)
Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без струја ќе бидат дел од корисниците на Кисела Вода и Карпош.
Во времето од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од Бул. Борис Трајковски бр.62, објектот на НИКОБ, Рамстор и А1, од 9 до 10 часот корисниците од ул.Марко Цепенков и дел од ул.Киро Крстевски, а од 11 до 14:30 часот корисниците од ул.4 место викано Падарница во с.Усје, во општина Кисела Вода.
Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од село Бардовци, во општина Карпош.