По Нова година цените на дизел автомобилите ќе паднат и до 50 проценти
Дизел автомобилите полека ќе се искоренуваат од патиштата низ светот, а зачетник на идејата е Германија која, како најмоќна сила во Европската унија, тргнала да се пресметува со загадувањето.
Така Судот во Штутгард одлучил да во престолнината на Мерцедес и Порше ги забрани дизелашите, и тоа од 1 јануари 2018 година. Тогаш земјите во кои дизел автомобилите се дозволени би почнале со масовен увоз на такви возила, а меѓу нив е и Македонија.
Според тврдењата, цените на автомобилите во Германија ќе паднат од Нова година – тоа по логика мора да се случи.
Германија ќе дава и субвенции за оние кои сакаат да се решат од дизел автомобилите.
Според некои пресметки, цените на дизелашите ќе паднат и до 50 отсто по Нова година, па истите ќе бидат подостапни за купување во земјите каде што ќе бидат дозволени.