Викендов нема да сообраќаат автобуските линии 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно, освен линијата 25 со редовен возен ред после 16 часот во сабота, односно после 15:30 часот во недела, информираат од ЈСП Скопје.
Причина за времениот прекин на автобуските линии е одржувањето на брзинско-ридскиот натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“ кој ќе се одржи на Водно.
Од тие причини, патот на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија до Средно Водно ќе биде затворен за сообраќај, што условува прекин на автобуските линии.
Од ЈСП Скопје информираат дека од 10 јуни (недела) автобуските линии почнуваат со летен режим на работа, кој може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.
извор: press24.mk