„Ќе им понудам на сите во клубот да ги добијат своите плати во биткоини”, изјави Вивек Ранадив.
Според „Coindesk”, Ранадив ја објавил веста во „Clubhouse“, објаснувајќи дека тимот треба да објави официјално соопштение во текот на неделата.
Сакраменто Кингс беа првиот спортски клуб во светот кој во 2014 година објави дека прифаќа биткоини при купување билети и клупски предмети, а сега се лидери кога е во прашање и исплатата на кошаркарите и тренерскиот персонал.
Сакраменто Кингс е на 15-то место меѓу најскапите тимови во светот, а „Forbes“ го процени тимот на 1,82 милијарди долари.
Во последниве месеци, голем број други компании исто така почнаа да прифаќаат плаќања со биткоини. Слична практика има и во „Starbucks“ и „Best Buy“, како и во хотелите „Choice“. Од март, „Tesla“ исто така објави дека е можно да се купи автомобил со најпопуларната криптовалута во светот.
Биткоинот во моментов тргува со околу 57.000 американски долари откако ја премина границата од 60.000 долари во март.
Извор : https://bankarstvo.mk/