Aktualno
-
Што рекоа граѓаните за Живејачката во Македонија?
Животот во Македонија е испреплетен со традиција, гостопримство и природни убавини, но истовремено е обележан и со економски предизвици, социјални промени и стремеж кон подобар стандард. Но, колку луѓето се навистина задоволни од живејачката во Македонија?
-
Не брзајте – Февруари не е најпопуларен месец за запросувања
Во одредени месеци од годината, бројот на запросувања и веридби е зголемен, при што февруари, за многумина изненадувачки – не е најпопуларен месец за овој свечен чин.
-
Британци направија асфалт кој сам си ги поправа дупките
Британски научници од Универзитетот Свонси и Кралскиот колеџ во Лондон ги здружија силите со научници од Чиле и создадоа нов вид асфалт кој може да ги поправа сопствените пукнатини, без потреба од човечка интервенција.
-
HR Days All-inclusive: Кога знаењето и уживањето совршено се спојуваат
Три денови полни со инспирација, динамични работилници и безброј можности за поврзување со истомисленици во областа на лидерството и човечките ресурси ве очекуваат на HR Days конференцијата. Ова не е типична бизнис конференција каде што само седите и слушате предавања – ова е искуство кое ги подигнува вашите вештини и енергија на ново ниво, со доза на забава и релаксација!
-
Поскапува мазутот, цените на другите горива остануваат непроменети
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 % во однос на одлуката од 5.02.2025 година.
-
Германски компании ангажираат приватни детективи за да ги проверуваат вработените на боледување
Германските компании ангажираат приватни детективи за истражување на злоупотребата на боледувањата, бидејќи стапките на отсуство значително се зголемија, влијаејќи врз продуктивноста и економијата.
-
Кина изгради автопат без ниту еден работник
Речиси 160 километри автопат беа изградени исклучиво од автономни машини со помош на вештачка интелигенција, дронови и сателитска мрежа.
-
Ја нарекуваат олимписка убавица, а картата за скијање чини 25 евра! Најевтиниот ски-центар во Европа
Каде може да се скија за поевтини пари?
-
БУГАРИТЕ НАЈНЕСРЕЌНИ ВО ЕУ, а еве која е најсреќната држава во унијата
Според последните податоци на Евростат, Финска имала највисока оценка за задоволство од животот во Европската унија. Просечната оценка во 2023 година беше 7,3 од 10. Задоволството од животот може да биде под влијание на многу фактори – возраста, степенот на образование, семејната и финансиската ситуација.
-
Бугарите земаат најниска минимална плата во ЕУ
Бугарија има најниска минимална плата меѓу државите во ЕУ која во јануари годинава изнесувала 553 евра.
-
Казнет со 200 евра зашто зборувал на телефон со вклучен звучник во Франција
Човек кој добил налог да плати 200 евра затоа што зборувал на телефон со вклучен звучник на железничка станица во Франција, ја почна правната битка против казната.
-
Можна ли е целосна забрана на Тему во ЕУ?
Европската комисија предложи нови мерки за побезбедна и одржлива трговија, со цел да се спречи влезот на неквалитетни и потенцијално опасни производи на пазарот на Европската унија.
-
Станови без парно во град со топловодна мрежа – дали законот ќе донесе промени?
Голем број граѓани на Скопје се соочуваат со проблемот на неповрзување на новоизградените згради на системот за централно греење, иако топловодната инфраструктура минува буквално пред нивните влезови.
-
Каде дипломираните студенти најмногу сакаат да се преселат?
Во изминатите години, бројни дипломирани студенти ширум светот сè почесто ја разгледуваат можноста за преселба во странство, во потрага по подобри можности за работа, повисок квалитет на живот и посигурна иднина. Според податоците на The Economist, Канада останува меѓу најпосакуваните дестинации за образовани професионалци.
-
Шпанската влада одобри пократка работна недела
Шпанските министри одобрија намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа без намалување на платите, по договор со синдикатите, но без поддршка од најголемите здруженија на работодавачи.
-
Во ЕВН пристигнале 1.385 поплаки за сметките за струја
Високите сметки на електрична енергија во текот на зимата, кога е зголемена потрошувачката во речиси сите домови, им предизвикуваат големи главоболки на граѓаните во Македонија.
-
Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони
Развојот на суперсонични авиони започна во средината на ХХ век и до 70-тите имавме суперсонични патнички авиони.
-
Истражувањe: Повеќе од 60 проценти од работниците веруваат дека работата е извор на стрес
Според истражувањето спроведено од истражувачкиот центар Толуна, 61 отсто од испитаниците веруваат дека работата е извор на стрес, додека 22 отсто сметаат дека нивната професионална активност негативно влијае на нивното ментално здравје.
-
Прво опомени, па глоби: „Безбеден град“ целосно активиран во 2026 година!
Проектот „Безбеден град“ ќе биде целосно активиран следната година. Планирано е за првите шест месеци да има период на адаптација, при што граѓаните ќе добиваат само опомени за првични прекршоци, а не казни. Оние со странски регистарски таблички веднаш ќе бидат казнувани за непочитување на сообраќајните правила.
-
Проектот „Итно копче“ се проширува и во општина Центар
Проектот „Итно копче“ на Црвениот крст на Град Скопје се проширува и на територијата на Општина Центар. Со овој проект, локалната самоуправа воведува нова услуга за повозрасните жители над 65 години, со која им се обезбедува помош во итни ситуации, во домашни услови, достапна 24/7 во текот на целата година.