Vijest
-
Новогодишни пакетчиња за децата и пакети за социјално ранливите граѓани од САСА
Во согласност со востановената традиција, рудникот САСА, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, и оваа година повторно обезбеди новогодишни подароци на сите деца во градинките и основните училишта во Македонска Каменица и населбата Саса. Дополнително, вкупно 132 социјално ранливи лица и семејства добија пакети со храна и средства за хигиена за да им помогнат во текот на празничниот период.
-
Банка по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки
Банката Сантандер од Бостон по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки, што ги изненадило сопствениците на сметките кои не го знаеле идентитетот на добротворот на божиќното утро.
-
Се воведуваат ваучери за струја за најранливите категории на граѓани
Согласно програмата, финансиска поддршка од 600 до 800 денари ќе добијат над 7.000 домаќинства од социјален ризик во период од 12 месеци! За прв пат се воведува парична помош за најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон, Mинистерот за економија.
-
Административците од 1 јануари имаат право на додаток на плата до 30%
Од 1 јануари, сабота, дел од буџетарите добиваат право на додаток на плата до 30 проценти.
-
Жичарницата на Водно повторно во функција – вратени автобуските линии до Средно Водно
Од денеска повторно е во функција жичарницата до врвот на Водно, соопштија од Град Скопје. Направени се сите неопходни процедури за пуштање на жичарницата во функција во однос на технички и безбедносен аспект.
-
Скопјани Новата година ќе ја дочекаат со македонски изведувачи
Македонски групи и пејачи ќе ги забавуваат скопјани на плоштадот „Македонија“ за најлудата ноќ.
-
Охриѓани на нозе, БАРААТ ДА СЕ РАБОТИ И ВО НЕДЕЛА, инаку клуч на врата!
Охридските дуќанџии се противат на новиот Закон со кој недела се прогласува за неработен ден, а кој на сила стапува од првиот викенд во новата година. Велат, Охрид е туристичко место, туристите претежно доаѓаат за викенд, а со ставањето клуч на врата ќе пропаднат и тие и туризмот и голем број работници ќе останат без работа. Бараат Охрид да биде иземен од Законот, а своите барања ќе ги достават и до локалната и до државната власт.
-
Отворен нов јавен повик за земјоделците за набавка на системи за наводнување: Еве како да аплицирате
Од денеска до 27 јануари 2022 година земјоделците ќе може да аплицираат за добивање финансиска поддршка од Прогарамата за рурален развој преку мерката 121.4 Набавка на систем капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода.
-
Каде исчезна средната класа? Сé повеќе "богаташи" за време на пандемијата
Во повеќето делови на светот, 10% од најбогатите луѓе контролираат приближно од 60% до 80% од богатството.
-
За такси може да чекате и до 45 минути: Дали празниците се проблем или тоа е секојдневна слика на градот!?
Што се случува со таксистите а не е штрајк?
-
Римац вработува – нуди 1.000 евра на секој што ќе препорача кандидат
Хрватскиот претприемач Мате Римац бара нови работници, а кандидати бара преку препораки. Имено, секој што ќе препорача кандидат кој евентуално ќе се вработи во Римац ќе добие награда од 1.000 евра, без разлика дали е вработен во Римац групацијата или не.
-
Клима уредите помагаат во борбата со загадувањето, но дали се одржлива мерка во енергетска криза!?
Секој што ќе одлучи шпоретот на дрва да го замени со инвертер клима 100 процентно придонесува во намалување на загадувањето, велат дел од познавачите. Ваквиот тип на греење не ослободува штетни и канцерогени материи. Сепак, велат трошењето на струјата треба да се контролира, а сепак да се задржи комфорот во домовите.
-
Од јануари ќе се вклучи вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола
Директорот на АД ЕСМ најави дека од наредниот месец ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола.
-
Австрија бара работници од странство: 66 дефицитарни професии
Австрија ја објави деталната листа со дефицитарни професии во таа држава за наредната 2022 година во која се наведени 66 професии, за поединечни покраини дефинирана е посебна листа на професии.
-
Над 800 луѓе добиле погрешни резултати од тестот за коронавирус
Стотици луѓе во лабораторија во Сиднеј добиле негативни резултати на тестот за коронавирус и покрај тоа што биле позитивни на вирусот.
-
Воведен е бесплатен јавен превоз во Скопје поради загадениот воздух
ЈСП Скопје информира дека од 18 часот превозот за граѓаните е бесплатен. Тоа е една од пакетот мерки на Град Скопје од прв степен, поради загадувањето на воздухот. Превозот ќе биде бесплатен се до наредните препораки, информираа од ЈСП Скопје.
-
Платите пониски од просекот сега, отколку пред 40 години
Иако просечната плата во Македонија изминативе години забележа раст, сепак македонските плати се најниски во регионот. Но и одредени сектори споредно со просечната плата во период од 40 години заработуваат многу помалку од просекот во моментов.
-
Зоо Скопје ја доби првата инклузивна сликовница за деца и млади печатена со видно и Брајово писмо
„Другарите од Зоолошка градина“ е авторско дело на Гордана Симоновска Момировска и преку оваа сликовница дечињата со оштетен вид ќе имаат можност да читаат сами, а другите дечиња да се запознаат со Брајовото писмо и начинот на кој се описменуваат слабовидните и слепи лица, соопштија од Зоо Скопје на промоцијата на првата зоо инклузивна сликовница.
-
Повеќе делови од Скопје денеска без вода
Без вода денеска од 9:30 часот се корисниците од кракот 20 на улицата „Борис Трајковски” во Усје во Општина Кисела Вода, како и делови од улиците „Народен Фронт” и „Васил Ѓоргов” во Капиштец во Општина Центар.
-
Кои се ветените земји на македонските лекари
Недостигот не само на доктори, туку на севкупен медицински кадар во земјава веќе подолго време е горчлива рана низ здравствените установи во државата. Ако со години се зборуваше дека поголем е недостигот на лекари во градовите во внатрешноста на земјата, токму од почетокот на пандемијата со сигурост може да се каже состојбата со одлив на медицински кадар е критична и во Скопје.