Vijest
-
Собранието ги усвои законските измени, од март минималната плата 18.000 денари
Собранието денеска ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои се дефинираат условите за минималната плата од 18.000 денари. Тие треба да почнат да се применуваат со мартовската плата што ќе се исплати во месец април.
-
Србија ја доби првата фирма во која ќе се работи четири дена во неделата
Во време кога Белгија сериозно се подготвува за воведување на четиридневна работна недела, Србија официјално ја доби првата компанија која работи четири дена во неделата.
-
Повеќе од 440 илјади граѓани скенираат фискални сметки
Проектот МојДДВ речиси две години успешно се спроведува и дел од парите на граѓаните, со скенирање на фискални сметки, повторно се враќаат кај нив.
-
Хакерски напад на веб-страниците на неколку банки во Македонија
Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка на Македонија и домашни банки, како резултат на ДДоС напад, соопшти денеска НБМ.
-
Можно укинување на две рестриктивни мерки: Ќе се прифати ли предлогот?
Две мерки вчера предложи Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.
-
Поставил 43 закачалки за леб за сиромашни и сака да е анонимен – вели битна е целта
Досега во Скопје има поставени 43 закачалки за леб на фреквентни места. На нив граѓаните закачуваат храна и хигиенски средства за да ги земат оние кои не можат да си купат. Четириесетгодишниот маж од Скопје, магистер по индустриско инженерство, сака да остане анонимен за јавноста. Вели дека целта е позначајна од негова афирмација.
-
Еве колку пари ќе изнесуваат новите патарини кај Миладиновци
Вкупно 160 денари ќе треба да издвои секој возач за патување од Скопје до Штип преку Миладиновци.
-
НОВА ОДЛУКА: Се замрзнуваат цените на дополнителни продукти
Владата ја донесе Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се замрзнуваат цените на дополнителни продукти како што се овошјето, зеленчукот и пченицата и се определува највисоката трговска маржа за да се елиминираат можностите за раст на цените по други основи.
-
Количка за намирници со вештачка интелигенција – спој на онлајн и офлајн шопинг искуството
Вив количките што се тестираат во Алберстонс им овозможуваат на муштериите да ги скенираат намирниците во движење, без посета на киоскот за наплата.
-
Февруарските пензии ќе бидат предвреме исплатени - ЕВЕ КОГА!
Февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари до 01 март.
-
Известување: Три скопски општини утре ќе бидат без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 23.02.2022 година (среда) без електрична енергија ќе останат
-
Занаетчиите бараат да работат и во недела
Сѐ поголем број занаетчии алармираат дека поради неработната недела значително им се намалуваат можностите за остварување профит, поради што стравуваат од целосно затворање на своите дуќани. Некои од занаетчиите истакнуваат дека во согласност со законот, за голем дел од професиите нема никаква можност да работат во недела, ниту оние занаетчии што сами се сопственици и сами работат во својот дуќан, односно нема можност самиот газда да се пријави и да работи во недела.
-
Пониски увозни давачки за домашните компании, намалени царинските стапки на 258 индустриски стоки и природниот гас
Трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 суровини и репроматеријали што ќе значи намалени увозни давачки за домашните компании. Со укинувањето на тарифите се намалуваат трошоците за производство со што се влијае на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.
-
22.02.2022 - палиндром и амбиграм во едно - Еве што значи тоа
Денешниот датум е двојно редок, не само затоа што може да се чита исто нанапред како и наназад, туку и нагоре и надолу. Во 21 век има 29 палиндромски денови во европскиот формат на ден-месец-година. Првиот беше на 10 февруари 2001, а последниот ден ќе падне (да сме здрави-живи) на 29 февруари 2092.
-
Не треба нов Закон за наставници, за да пораснат платите во секторот образование!
Синдикатот на образование вели дека ако политичарите вистински имаат намера да им ги зголемат платите на просветните работници тоа може да го направат преку измена на Колективните договори, а не само со предлог закон. На тој начин нема да биде селективно зголемувањето на платите, туку освен професорите и стручните соработници повисоки плати ќе добијат и техничките лица вработени во секторот образование.
-
Општина Кисела Вода: Првачињата ќе добиваат ранчиња, сите деца таблети, а наставниците компјутери
Сите првачиња што ќе почнат да одат во училиште на територијата на Општина Кисела Вода од следната учебна година, симболично ќе добијат ранче подарок, најавуваат од оваа скопска општина. Реализацијата на овој проект насловен како „Ранче за секое прваче“, ќе има за цел барем малку да им ги олесни финансиските трошоци на родителите при уписот на своето дете во училиште.
-
Во Европа ќе се плаќаат вињети по поминат километар
Минатиот четврток Европскиот парламент одобри воведување еднодневни вињети кои се базираат на растојание, односно реално поминати километри. Европратениците дадоа зелено светло за договор со владите на ЕУ за дефинирање на таксите што земјите-членки можат да ги наметнат за камионите, автобусите, комбињата и автомобилите кои ги користат патиштата во трансевропската мрежа.
-
Стотици бензински пумпи во Германија се пред банкрот
Возачите од Источна Германија се почесто ја преминуваат границата за да наполнат гориво во соседството, поради големата разлика меѓу германските и цените на горивата во соседна Полска, предупредувајќи дека на домашните пумпи им се заканува банкрот.
-
УХМР издаде метео предупредување: Еве какво време не очекува во следните 4 дена
Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, денес ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог.
-
Google воведува новитети на својот интернет пребарувач
Google почна со тестирање на новиот изглед на интернет пребарувачот за компјутери. Промената не е радикална, но за многумина ќе биде корисна и делумно потсетува на опцијата Discover за мобилни уреди. За корисниците кои се дел од тоа тестирање на пребарувачот на Google сепојави опцијата прикажување виџети, односно посебни картички.