![Бојата е важна: Која боја треба да биде вашиот паричник за да привлекувате повеќе пари?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/8e/7ad179e8-resize-820x0x100.jpg)
Според фенг шуи ако имате црвен паричник тоа значи дека имате добра енергија и го привлекувате богатството во вашиот живот.
Каква боја е вашиот паричник? Според фенг шуи експертите, ако имате паричник во некоја од следниве бои, вие сте на добар пат.
Црвен паричник
Црвената боја е позната по тоа што привлекува богатство во животот. Покрај тоа привлекува добра енергија и во рекордно краток рок ги уништува негативните вибрации.
Син паричник
Сината боја исто така е симбол на изобилство, само треба да бидете повнимателни со нијансите. Темно сините паричници се гаранција за богатство.
Црн паричник
Колку и да ви изгледа темно и едноставно, црната боја значително може да ви ги подобри финансиите.
Кафеав паричник
После црната, кафеавата е најпопуларната боја за паричници. Посебно богатство ќе ви донесе ако има текстура и е изработен од високо квалитетен материјал.
Зелен паричник
Зелената боја е одличен избор ако сакате нов и свеж почеток, без оглед на тоа какво минато сте имале.