Ова е заклучокот на Сојузот на синдикати на Македонија според кој пресметките за синдикална кошничка покажуваат дека минималните трошоци во март изнесувале 33 772 денари.
Најмногу од тие трошоци семејствата издвојуваат за храна и пијалоци или 42 проценти, додека за режиски трошоци и нивно подмирување отпаѓаат 32 проценти.
За превоз одат 7,4 проценти, па следат трошоците за хигиена и облека и обувки.
Платата која во јануари во просек б ила 28 272 денари не била доволна да ги покрие трошоците на семејствата кои според синдикалната кошничка тогаш изнесувале 33 650 денари.
Извор : https://faktor.mk/