Иако повеќето луѓе во светот се навикнати на систем од пет работни денови и два дена одмор, постојат голем број на иницијативи тоа да се промени и да се скрати работната недела.
Пред 100 години, во Нова Англија бил воведен систем од пет работни дена во недалата, за христијаните и евреите да имаат свои денови на одмор. Идејата пет дена работа и два дена одмор, брзо потоа била масовно прифатена и постои до ден денес.
Но, според некои експерти, истата е неефикасна. Осум или повеќе часа дневно, пет дена во неделата е ритам кој беспотребно ги исцрпува работниците. Експертите од Универзитетот во Мајами спровеле истражување и дошле до заклучок дека мотивацијата и перформансите на работниците кои работат пет дена недело, постојано опаѓа. Вработените вредно работат на почетокот на неделата, но, го губат фокусот како доаѓа викенд. Друг проблем е што осумчасовното работно време, од 9 часот до 17 часот, е мамка. Мислиме дека постои, но, тоа не е така.
Постојано сме вклучени и го проверуваме својот мејл. А тоа дополнително време кое го поминуваме на работа, надвор од работа, или ќе мине незабележано или нерегулирано. Исто така, работодавците не го сметаат изгубеното време во преоз, од куќата до работата и обратно. Во обид да се оптимизира работното време, експертите размислуваат за работна недела од четири дена. Истражувањата покажуваат дека кондензирањето на работата, влијае на продуктивноста. Човечкото тело не е во состојба да издржи 10 часа на работа. Не е во состојба да издржи 10 часа разговор со луѓе, гледање во екран, управување со машина. Воглавно, како што пишува Fastg kompani и осумчасовното работно време станува проблем за голем број работници.
Дали Шпанија ќе биде првата која ќе воведе недела со четири работни денови и ќе го пробие ледот?
Шпанија наскоро би требало да го започне пробниот период од воведување систем со четири работни дена во неделата, кој претходно оваа година го предложила партијата Мас Паис. Ако тестирањето мине како што треба и идејата биде целосно прифатена, Шпанија би можела да стане една од првите земји во светот во кој е имплементиран таков систем. Тестирањето на овој пилот-проект ќе почне на есен и ќе трае три години и во него ќе бидат вложени 50 милиони евра, за да се овозможи тестирањето мине со најмал можен ризик, пишува „Гардијан“. Кондензираните распореди се вообичаени во здравствените служби и производство, но, се непрактични кога станува збор за другите професии, особено оние во кои се соработува со клиенти кои сакаат брзи одговори.
Пред 300 години, петдневната работна недела не постоела. Луѓето живееле, се социјализирале и работеле секој ден. Петдневната работна недела е вештачки создадена со цел да се подобри продуктивноста и добросостојбата. Постојат луѓе кои сакаат да работат за викенди кога ќе им стигнат прилив на мејлови, а имаат помал број на телефонски повици, кога нема колегиуми и состаноци и можат да се посветат посериозно на работата. Ова претставува луксуз кој повеќето вработени го немаат.
Постојат и такви кои работата ја распоредуваат во текот на целиот ден и на тој начин го доведуваат во прашање непишаното праволо дека работата е континуиран процес. На повеќето им одговара во текот на целиот ден да одработат по нешто и на крајот од денот да го сработат она што е потребно. Расцепкувањето на работата во текот на денот е добро и за здравјето на вработените, затоа што можат подобро да го искористат своето време, да се занимаваат со некое хоби, да се видат со пријателите и семејството, а самото тоа ќе влијае на подобрување на нивната продуктивност.
И Јапонија размислува да воведе работна недела од 4 дена
Јапонија размислува да воведе работна недела од 4 дена за да го подобри квалитетот на животот на луѓето, велат официјалните лица во оваа земја. Тие се надеваат дека оваа шема ќе го унапреди туризмот, кои во моментов се бори со пандемијата од коронавирусот.
Поради пандемијата системот тешко функционира и работниците се со непрегледни работни часови. Катсунобу Като, шефот на кабинетот на јапонскиот премиер, вели дека размислува да воведе три слободни работни дена неделно, односно, да се направи еден продолжен викенд. „Важно е да се промовираат различни работни стилови за да се балансира животот и работата“, изјавил тој.
Освен тоа, Јапонците сами ќе можат да одлучуваат кои три дена ќе им бидат слободни. Като истакнал дека во текот на трите дена, граѓаните ќе можат да им се посветат на децата, старите или здравјето. Тие се надеваат дека Јапонците би можеле повеќе да патуваат, што ќе помогне во развивање на домашниот туризам, но и подолго да се задржуваат на одредени работи, наместо често да се откажуваат, пренесува „Дејли Мејл“.