Меѓу предлозите, е и Владата да ги разгледа можностите при намалување на рестриктивните мерки да се дозволи организирање на спортски тренинзи организирани од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор (наместо во затворена спортска вежбална/сала), но и да усвои други мерки во зависност од епидемиолошките текови и состојби во државата.
Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледувал предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на истите предлага на наредната седница на Владата, да се усвои одлука со која постојните мерки кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник), информираат од владината прес-служба.
Во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица.
Конкретно, за периодот од 27 април 2021 година (вторник), заклучно со 15 мај 2021 година (сабота), да се отворат угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект, односно да работат само летни тераси и градини, а не и затворениот дел на кафулињата и рестораните.
Воедно, Главниот координативен штаб ѝ предлага на владата забраната и посебниот режим на движење да почнува од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден во периодот од 27 април до 15 мај.
Меѓу предлозите, е и Владата да ги разгледа можностите при намалување на рестриктивните мерки да се дозволи организирање на спортски тренинзи организирани од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор (наместо во затворена спортска вежбална/сала), но и да усвои други мерки во зависност од епидемиолошките текови и состојби во државата.
„Наведените предлог-мерки на Комисијата за заразни болести ќе се разгледуваат исклучиво доколку се задржат трендовите на опаѓање на бројките на новозаразени и хоспитализирани лица, за што клучно е почитувањето на личните мерки за заштита од ковид-19 и активните протоколи за функционирање во услови на ковид-19“, се вели во соопштението испратено од Владата на РСМ.