Почнете сега, за да не жалите понатаму.
Вашите дваесетти години се карактеризираат со важни настани што го менуваат животот, и ако се управуваат правилно, може да ве подготват за голем финансиски раст. Ова е време кога почнувате да заработувате и да станувате финансиски независни.
Секоја одлука што ќе ја донесете во текот на оваа фаза од вашиот живот ќе има значително влијание, не само во овие години туку и на долг рок. Донесувањето правилни одлуки е од витално значење за вашата идна финансиска слобода. Затоа, за да ви помогнеме, за вас набројавме пет најчести финансиски грешки кои треба да ги избегнувате.
- Прекумерно забавување
Често одење на забави и конзумирање премногу алкохол е губење пари, време, здравје и енергија. Дел од овие пари искористете ги за зголемување на вашата заштеда или за некое патување.
- Купување автомобил кој вистински не можете да си го дозволите
Лоша одлука што ќе резултира со долгови и трошење на најголемиот дел од заработката на автомобилот и негово одржување. Размислете добро за причината поради која сакате да купите автомобил. Дали ви е неопходен или едноставно ви е желба да го имате?
- Неконтролирано трошење
Не се обидувајте да бидете во тек со сите трендови бидејќи истите постојано се менуваат. Купувајте паметно!
- Не буџетирате
Финансиските навики што ги креирате во овие години го диктираат квалитетот на вашиот живот понатаму. Шансите за трошење надвор од контрола и креирање нови долгови се многу поголеми доколку немате буџет
- Не штедите ниту инвестирате
Кога сте млади мислите дека немате доволно пари за штедење/инвестирање. Се убедувате дека ќе започнете за неколку години. Кога ќе имате повеќе пари. За жал, овој циклус никогаш не завршува. Вашите трошоци ќе бидат се поголеми во иднина кога ќе имате семејство, своја куќа итн.
Почнете сега, за да не жалите понатаму.
Градењето финансиски одговорни навики во вашите 20-тите ќе ве спаси од многу каење во 60-тите години од животот. Размислувајте долгорочно, почнувајќи сега!
За повеќе корисни финансиски совети, следете го профилот Moи Финансии