Од 1 мај, влез во Бугарија ќе биде дозволен на три начини – со потврда за вакцинација против Ковид-19; со негативен PCR или антиген тест; со документ за прележана инфекција со коронавирус не постар од шест месеци од датумот на влез во земјата.
Ова денеска го изјави бугарскиот министер за здравство во оставка Костадин Ангелов.
– Се обидуваме да ги направиме мерките слични на нашите соседни земји и скоро истите што ЕК најверојатно ќе ги воведе за целата ЕУ на крајот на мај со задолжителна регулатива, рече главниот државен инспектор за здравство Ангел Кунчев.