Откако беше најавено влегувањето на Лидл во Македонија не престануваат нагодувањата за тоа каде ќе биде сместен Лидл Маркетот.Со оглед на тоа што во моментов се гради најголемиот трговски центар во регионов Скопје East Gate многумина веруваат дека токму таму ке биде маркетот на Лидл...Па во неодамнешното интерву на Банкарство НАТАША АПОСТОЛОВ, Лизинг менаџер на Скопје East Gate го одговори и ова прашање дали ЛИДЛ ќе биде дел од Скопје East Gate?
-Лидл не работи во трговски центри и нема да биде дел од Ист Гејт Мол.
Хипермаркетот е единствениот маркет во Ист Гејт Мол и тој простор го закупува македонска компанија со долгогодишно искуство во индустријата. Вели Наташа Апостолов за Банкарство и појаснува
-Склучивме договор со компанијата ТИНЕКС која ќе настапи со комбиниран формат на Супер Тинекс и сегментот на Тинекс Деликатесен со одбран асортиман. Хипермаркетот кој ќе го оперира Тинекс, се простира на површина од 2.000м2 и се вбројува во таканаречените ,,анкори” закупци кои се реномирани на пазарот и привлекуваат голем број на купувачи.
Од брендовите пак кои прв пат ќе се појават на македонскио пазар а ќе бидат сместени токму во Ист Гејт Мол се: пете бренда на LPP, The Athlete’s Foot, Mango Man, Mango Kids, Papa’s Café, Illy Еspresso store, a единствено место на постоење ќе имаат Zara Home, Oyscho, Kiko Milano, Маdame Coco, и уште многу други имиња кои допрва следат и за кои јавноста ќе биде информирана благовремено.