
Пократок полициски час кој ќе почнува од 21 часот, наместо како досега од 20 часот, и отворање на летните тераси на угостителските објекти, е неофицијало предлогот на Комисијата за заразни болести утврден на денешниот состанок, брифираат извори од Комисијата за Слободен печат. Ваквиот предлог ќе се најде и на владина седница.
Полицискиот час ќе трае од 21 часот до 5 часот наутро, а рестораните ќе служат гости, но само на отворено.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера нагласи дека бројот на новозаразени со коронавирусот бележи надолен тренд и ги повика граѓаните за време на претстојниот велигденски празник да не се групираат и да ги почитуваат мерките за заштита.