На денот на одбележувањето на празниците нема да има ограничување за движењето на граѓаните. Од среда се отвораат и летните тераси на кафулињата.
Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час од среда, 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината. На денот на празнувањето на празниците Велигден и Рамазан полициски час нема да има, дознава Дојче веле. Од среда се отвораат и летните тераси на кафулињата. Ваквиот предлог, Комисијата треба да го достави до Владата, којашто треба да донесе одлука дали ќе се отворат летните тераси на кафулињата во пресрет на празниците.
Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 314 случаи со Ковид-19, 27 починати и 557 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 16.858, од кои 7. 597 се во Скопје. На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1 507 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, од кои 587 пациенти во Скопје.