„Вакциниран сум и престојувам на отворено. Дали треба да носам маска?“ „Дали треба да носам маска ако трчам во природа и не сум блиску до луѓе?“ „Одам по тротоарот и поминувам покрај друга личност - треба ли да ставам маска?“
Како што се затоплува времето и процентот на вакцинирани граѓани постепено расте, сè повеќе луѓе се во дилема и поставуваат вакви прашања.
- Ако сте вакцинирани, би рекол дека немате потреба да носите маска на отворено бидејќи е познато дека повеќето вируси не се пренесуваат на отворено - вели д-р Санџај Гупта за Си-ен-ен
Шансите за пренесување на вирусот се 18,7 пати поголеми во затворени простории
Истражување објавено во ноемвриското издание на „Журнал оф инфекшс дизизес“ открива дека шансите за пренесување на вирусот се 18,7 пати поголеми во затворени простории отколку на отворено, а помалку од 10 отсто од инфекциите се случиле на отворено. Ношин Разани, еден од авторите на истражувањето и вoнреден професор по епидемиологија и биостатистика на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, вели дека реалниот број на случаи на пренесување на отворено е „веројатно помал“ од 10 отсто.
Тековните насоки од центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) се дека можеби нема да бидат потребни маски на отворено.
- Маските можеби не се потребни ако сте сами надвор, далеку од други луѓе или во друштво на луѓе што живеат во вашето домаќинство - вели ЦДЦ. Сепак, не постојат специфични упатства за вакцинирани лица.
Дали сѐ уште треба да се носат маски на отворено?
Актуелно
-
За стан од 100 квадрати во Данска треба да се работи помалку од 10, а во Словачка цели 25 години
Под услов од платата да не се троши за храна, сметки…
-
Објавена листата на најпосетувани градови во 2024 година: Истанбул повеќе не е на прво место
Објавена е листата на најпосетувани градови во светот во 2024 година, креирана од Euromonitor International, а оваа година на врвот се најде главниот град на Тајланд, Бангкок.
-
Тежок јазик, скапа кирија, изгор кафе – како Стефан од Скопје го најде својот пат во Норвешка
Норвешка, земја позната по своите величествени фјордови, стабилна економија и силен фокус на еколошката одржливост, станува сè попопуларна дестинација за многумина кои бараат подобар живот.
-
Еве кога ќе се исплаќаат пензиите, дел од пензионерите со полни сметки ќе ја дочекаат Нова година
Исплатата на декевмриските пензии според редовниот термин ќе се случи на првиот работен ден во новата 2025 година, на 02.01 (четврток)
-
Бабите и дедовците во Шведска можат да бидат платени ако се грижат за внуците
Шведска е единствената земја која, покрај најдолгото платено породилно отсуство од 480 дена, сега им овозможува на родителите да префрлат дел од деновите за платено родителско отсуство на лица кои не се законски старатели, како што се бабите, дедовците и пријателите.
-
Од 1 јануари во Белгија во пензија ќе се оди со 66 години
Од 1 јануари во Белгија ќе се оди во пензија со 66 години.