Во Црна Гора е дозволен влез на туристи од Западен Балкан без ПЦР тест
Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави листа со земји на чии граѓани ќе им биде дозволен влез во државата без негативен ПЦР тест на Ковид-19.
Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово и Албанија.
Меѓу оние од кои не се бара проверка се и држави од источниот блок – Русија, Белорусија и Украина.